Утрово околу 8 часот и 30 минути, вооружени разбојници ја ограбиле ТТК Банка сместена во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во Капиштец.
Одземени биле повеќе од 7 илјади евра. Во експозитурата во која во тоа време биле само вработените, а немало клиенти, влегол маскираниот разбојник, им вперил пиштол, па им наредил да му ги дадат парите. Исплашени за својот живот, тие го послушале. Откако ги зел парите разбојникот избегал, а вработените побарале помош од полицијата. Во грабежот не е никој повреден.
Полицијата изврши увид на настанот и се спроведуваат сите понатамошни мерки за откривање на сторителот.
Во тек е истрага за грабежот, а МВР започнало проверка на безбедносните камери на банката.