Ограбена црквата-параклис „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Горно Лисиче

Од:

Ограбена е црквата-параклис „Св. Ѓорѓи Победоносец“ на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче, општина Аеродром.

Како што информира Гоце Трпковски, претседател на Црковниот одбор на Горно Лисиче кражбата најверојатно се случила ноќеска.

– Кражбата ја забележавме попладнево бидејќи денеска црквата не работи. Многу е оштетена влезната врата. Обиени се касите на иконите. Земени се пари од продажба на свеќи и од иконите, или од 100 до 200 евра, изјави Трпковски.

Во моментов екипа од МВР врши увид на местото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка