Брачен пар од скопска Кисела Вода утрово бил ограбен и малтретиран од тројца разбојници, извести полицијата.
Според МВР, тројца разбојници преку тераса влегле во куќата на 50-годишниот А.Т. и 46-годишната Н.Т. и откако го удриле А.Т. со кундак од пиштол по глава, го заклучиле него и неговата сопруга во тоалетот. Откако се осигурале дека во куќата нема никој освен сопружниците, арамиите зеле голема сума пари и злато, па избегале.