Ограбен Хрват додека бил на деловен состанок во Тетово

Од:

Шеесет и седумгодишен Хрват е ограбен додека бил на деловен состанок со партнери и пријатели во угостителски објект во Тетово.

Украден му е паричник во кој имало 2.500 евра, 800 хрватски куни, 11.100 српски динари, неколку хрватски банкарски картички и лични документи. Паричникот му бил во јакната, а открил дека е ограбен откако по завршување на состанокот забележал дека му го нема паричникот.

Полицијата соопшти дека по кратко време приведено е едно лице поради сомнение дека ја извршило кражбата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница