Огњановски: Бошкоски порача дека само заедно може да го урнеме овој режим

Од:

Потпрестедателот на ОМ, Марјан Огњановски ја пренесе пораката од Љубе Бошкоски, за кого рече дека е во занданите во Идризово.

Пораката е дека само заедно во оваа широка коалиција може да се спаси демократијата која е згазена. На црниот понеделник рече тој, оваа власт на мускули го туркаше буџетот за да ги троши безмилосно народните пари. МРТ која сите ја плаќаме е на страната на режимот, ниеден новинар од МРТ не застана зад нивните колеги, рече Огњановски.

На Груевски му порача: „Kако што предложи закон за шест телохранители така да предложи закон за јавниот сервис каде уредувачата политиката ќе ја водат и опозицијата и власта.

Љубе Бошкоски беше визионер кога ја формираше ОМ, знаеше дека само обединети заедно со останатите партии може да се урне овој режим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски