Официјално е постигната коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива

Од:

Алијансата за Албанците и Алтернатива заедничко ќе настапат на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Преку едно јавно обраќање лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, потврди дека од страна Африм Гаши, претседател на политичката партија Алтернатива, добиле писмена согласност за предизборна коалиција за изборите на 12 април.

За жал одговор од другите партии немаме. Од овој момент ние имаме предсогласност за коалиција за 12 април.

Враќање назад веќе нема. Како претседател на Алијансата за Албанците, Ве информирам дека ние со Алтернатива ќе имаме коалиција.

Во меѓувреме ние остануваме отворени за сите други странки кои се заинтересирани за да го засилат и соединат албанскиот глас и да ја максмимализират албанската понуда во изборите на 12 април, но и во период после 12 април, изјави Села.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции