Одземени ингерециите врз Детските градинки во Велес на градоначалникот и Советот на општината

Од:

Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев и претседателот на Советот Зоран Љутков денеска на прес-конференција остро реагираа на одлуката на Министерството за труд и социјална политика за одземање на нивните ингеренциите како локална власт врз Oпштинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.

Тие посочија дека ваквата одлука на МТСП за нив е нејасна и непрецизна. Претседателот на Советот Љутков најави дека оваа одлука ќе ја обжалат и потенцира дека во пракса не знаат што значи ова одземање на ингеренциите.

Градоначалникот Марко Колев информира дека на одземањето на ингеренциите врз градинките, претходело 18-месечно секојдневно малтретирање и праќање на инспекции.

– Молчев, а чашата се прелеа. За година и половина посетени сме од сите можни инспекции. Половина ден ми поминува во објаснување и барање на документи, за на крај да добиеме позитивни извештаи, потенцира градоначалникот Колев.

Тој потсети дека на ист начин претходно се закочи и изградбата на кејот од десната страна на реката Вардар во Велес. Воедно посочи дека за постапките кои се одобрени се уште не се распишани тендери.

Претседателот на Советот Зоран Љутков обвини дека претседателката на Општинската организација на СДСМ Велес година ипол вршела притисок врз Советот и им праќала разни инспекции, кои досега не костатирале ниту еден прекршок.

Тој рече дека на 33-та седница на Советот при разгледувањето на извештаите за работата на Детската градинка, имало сериозни забелешки за сомнежи за криминал и малверзации при тендерските постапки. Набавка на леб, јогурт, компјутерска опрема по многу повисоки цени.

-Веднаш по овие јавно кажани сомнежи, ни стигнува писмо од Министерството за труд и социјална политика, дека во рок од три дена ќе треба да се донесе решение за именување на нови членови на УО во установата. По ова укажување, како итна точка ја поставив на 34-тта седница за разрешување и именување на претставници во Управниот удбор на Детска градинка. Како вонредна беше усвоена и ставена на дневен ред. Таа како последна точка не беше разгледана, бидејќи седницата беше прекината, појасни Љутков.

Воедно информира дека оваа седницата може да се продолжи во кое било време, и за таа точка нема донесено одлука, и согласно ова МТСП нема право да им ги одземе ингеренциите.

Тој најави дека ќе ја обжалат ваквата одлука на МТСП за одземање на ингеренциите и дека не знаат што во пракса значи тоа.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес