Одземен автобус на автопатот Велес-Скопје кој превезувал ученици од екскурзија, даден на вонреден технички преглед, учениците безбедно пренесени во Скопје

Од:

По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје.

Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност. Патниците со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација.

По целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Врховен суд ќе одлучува дали Доведен ќе биде изземена од предметот со петгодишното дете

Предраг Петровиќ

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

Во Кочани 42.Марш за ангелите

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова: Како докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да се спротивставиме на секој облик на фашизам или слични идеологии

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?