Одржана првата седница на Советот на Општина Кочани

Од:

Денес се одржа првата седница на Советот на Општина Кочани, на која беа верификувани мандатите на членовите на новиот совет. Советот на Општина Кочани брои 19 члена, од кои 10 советници се од редовите на коалицијата за „ За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и 9 советницисе од коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ.

На конститутивната седницанајнапред беа  овери мандатите на избраните советници од страна на верификациската комисија, по што следуваше свечената изјава на советниците за прифаќање на мандатот. Со седницата раководеше најстариот член на Советот, Костадин Галачев.

Веднаш по завршувањето на конститутивната седница, Советот на Општина Кочани ја одржа и втората седница на која беа разгледани 14 точки од предложениот дневен ред.

За  претседател на Советот на Општина Кочани, со 10 гласа „за“ и 9 „воздржани“ беше избран Иван Иванов од редовите на коалицијата „ За подобра Македонија“, кој воедно е и координатор на советничката група на оваа коалиција.

Координатор на советничката група на коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ, Горѓи Алексов , во има на целата советничка група вети конструктивност во работењето со цел да бидат задоволени интересите на граѓаните на општина Кочани.

На седница едногласно беа усвоени предлог-комисиите што се формираат во рамките на советот, а, исто така, едногласно беа усвоени  и измените во буџетот на Општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски