Одржана првата конститутивна седница на Советот на Тетово

Од:

Советот на општина Тетово денеска ја одржа првата конститутивна седница по последните локални избори. На предлог на советничката група на ДУИ, не беше изгласан претседавачот на Советот поради, како што информираа, потребата од дополнителни консултации.

Седницата  ја водеше највозрасната советничка Сребра Коцевска, а се обрати и новата градоначалничка Теута Арифи.

– Ви посакувам успешна работа и се надевам дека сите ќе работиме за доброто на граѓаните. Очекувам дека ќе надвладее толеранцијата и разбирањето, одговорноста и меѓусебната отвореност бидејќи Советот го сметам како локален парламент што ќе работи во интерес на граѓаните, рече Арифи.

Во новиот Совет на општина Тетово од вкупно 31 советник, ДУИ има 12, ДПА 10, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пет, СДСМ со коалицијата двајца и по еден советник имаат  НДП и ДПТ.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот