Одрон кај браната Калиманци, прекинат сообраќајот за товарни возила

Од:

Поради одрон на патниот правец Штип – Делчево, во близина на браната Калиманци, кај м.в. Драки сообраќајот е во прекин за товарни возила, соопштија од Авто мото сојузот на Македонија.

Поради одрон во прекин е и сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен.

За лесните возила сообраќајот се одвива по направена девијација, додека тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат на регионалниот патен правец Кочани – Бигла – Делчево.

Екипите на Ј.П.Македонија пат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот на овој патен правец.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Исчистени одроните кои блокираа дел од коловозот на магистралата А3 кај село Истибања

Нови одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, кај село Истибања

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Исчистен одронот на патниот правец Маврово-Дебар кај Жировница