Во расчистување на одронот, што настана изутрината на патот меѓу селата Неготино и Ломница во Општина Врапчиште, се вклучени два камиона на подраченото одделение на Дирекцијата за заштита и спасување и багер од приватна фирма.
Одронот е од 2.000 до 2.500 метри кубни земја во должина од 30 метри, настанат како последица од активирање свлечиште на таа локација по обемните врнежи од дожд во овој регион.
– Вработените во Дирекцијата за заштита и спасување од подрачното одделение во Гостивар се излезени на терен, ја следат состојбата и се поготвени да мобилизираат дополнителна механизација ако за тоа има потреба и барање од локалната самоуправа, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.