Кежаровски не се враќа во затвор

Од:

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот на директорот  на КПУ Затвор Скопје за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски. Со решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал Кежаровски се отпушта на ден 18.02.2015 година, од понатамошно издржување на казна затвор.

Како што стои во денешното соопшетение од скопскиот Кривичен суд, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал во текот на вчерашниот ден на јавна седница одлучувал по предлогот на директорот на КПУ Затвор Скопје – Скопје за условен отпуст на осудениот Томислав Кежаровски.

– Одлучувајќи по предлогот, Кривичниот совет при овој Суд донесе решение со кое го уважи предлогот на директорот за условен отпуст. Со решението, осудениот се отпушта на ден 18.02.2015 година, од понатамошно издржување на казна затвор, изречена со пресуда од Основен суд Скопје 1, а времето на условниот отпуст трае до 27.06.2015 година, односно до истекот на издржувањето на казната на осуденото лице, се вели во соопштението од Судот.

Оваа одлука Судот ја донел согласно член 200, 201, 202 и 203 од Законот за извршувањето на санкции како и член 36 од Кривичниот законик, бидејќи осудениот веќе издржал повеќе од половината од казната затвор, а притоа водејќи сметка за неиздржаниот дел од изречената казна, дека за времето на издржувањето на казната, а особено во период додека тој бил во притвор во истата оваа установа, покажал беспрекорно и примерно поведение, како и влошената здравствена состојба на осудениот заради која со решение на Управата за издржување на санкции му е одреден прекин на издржувањето на казната затвор во траење од 30 дена.

Против ова решение, како што се додава во соопштението, дозволена е жалба во рок од осум дена, по приемот на решението преку овој Суд до Апелацискиот суд Скопје.

Претходно, со одлука на директорот на Управата за извршување санкции, а на предлог на дректорот на КПУ Затвор Скопје, на Кежаровски му беше одобрен прекин на казната во траење од 30 дена поради здравстевни причини. По истекот на 30-дневниот период Кежаровски требаше да се врати на издржување на казната на 18 февруари 2015 година.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ