Одмрзната сметката на Макпетрол и Оилко

Од:

Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое го уважи барањето на обвинителството за одмрзнување на сметката на Макпетрол и Оилко.

– Основен суд Скопје 1 – Скопје во врска со предметот кој се однесува на замрзнување на банкарските трансакции на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје ја информира јавноста дека кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка.

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за следење на платен промет и трансакции на сметки на правното лице Макпетрол АД и на правното лице ОИЛКО КДА Скопје, поднесен од 18.08.2015 година го уважи предлогот односно со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство