Oдлуката за референдумот в среда пред уставните судии

Од:

Одлуката за распишување референдум за договорот со Грција, која Собранието на Република Македонија ја донесе на 30 јули 2018 година, в среда 19 септември ќе се најде како прва точка на седницата на Уставниот суд.

Девет уставни судии треба да одлучат дали ќе поведат постапка за оценка на уставноста на Одлуката за рефрендум која ја изгласа Собранието, по што доколку биде прифатена, ќе оди на гласање.

Од партијата „Левица“ која поднесе иницијатива за уставноста на одлуката рекоа дека очекуваат уставните судии да ја разгледаат нивната иницијатива веднаш по летните одмори, пред датумот на кој е закажан референдумот. Во иницијативата на „Левица“ се бара и донесување времена мерка, што значи итност на постапката.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Пет години од референдумот за Договорот со Грција