Одлуката за продолжување на кризната состојба до крајот на годината помина на собраниска комисија

Од:

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја одржа 17-та седница на која беше донесена одлука за продолжување на кризната состојба во земјава. Практично, Комисијата ја проследи одлуката до Собранието, кое, како што е најавено, утре ќе одржи пленарна седница.

Кризната состојба, со претходна одлука на Собранието, е до 30 јуни 2021 година. Сега таа се продолжува за наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули 2021 до 31 декември 2021 година.

Претседателот на Комисијата Миле Талевски изјави дека на седницата присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директоторот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Од нивна страна, како што рече, беше изнесена она што било дискутирано на Владата и ја пренеле одлуката на Владата до Комисијата.

– Комисијата отвори дебата. Се разгледаа можности и предлози и се донесе одлука да се проследи до Собранието, на пленарна седница што ќе се одржи утре, изјави Талевски.

Тој појасни дека собраниската Комисија за одбрана и безбедност има само обврска да ја проследи и да отвори дебата по нејзината работа.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски