Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски ќе биде соопштена до петок

Од:

До петок ќе биде соопштена одлуката дали Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрадирани во Македонија од страна на судот во Солун.

Денеска во Солун како сведок беше сослушан поранешниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Александар Даштевски на предлог на адвокатите на Грујевски и Бошкоски.

– Денеска продолжи со сослушувањето на сведоци. Беше сослушан Даштевски, кој од страна на Судот беше прашуван за правните аспекти на постапката во смисла на меѓународните конвенции и конвенциите за човекови права. Тоа ќе биде и последен сведок во постапката, по што се очекува да биде донесена првостепена одлука, изјави Петар Василев, адвокатот на обвинетите.

Тој смета дека судот ќе го одбие барањето за екстрадиција и најави жалба во зависност од одлуката.

За екстрадиции во Грција, одлучува совет, најчесто во тричлен состав, двајца судии и еден обвинител, на јавно рочиште, освен ако не биде доставено специјално барање, сослушувањето да се одржи зад затворени врати.

Освен за екстрадицијата, за Грујевски и Бошкоски во Грција се водат уште два процеси. Едниот е за фалисфикуваните пасоши, за што судење имаат на 17 мај, а другиот е за поднесеното барање за азил.

Би можело да ве интересира

Србин загина во тешка сообраќајка во близина на Солун: Пожарникарите го извлекоа од смачканото возило

Силна експлозија пред станбена зграда во Солун, најмалку двајца се повредени

(ВИДЕО) Избувнаа пожари во близина на Солун

Судот во Солун одобри екстрадиција на македонски државјанин кој убил пензионер во Германија

Горан Наумовски

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски