Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економијa тврди Владата

Од:

„Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави.

Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.

Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот.

Она што е значајно да се спомене е дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор за нешто долго најавувано од оваа администрација, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД.

Ова е обид за репреговарање на трговските односи во светот – нешто што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.

Знаеме дека оваа ситуација е шанса за многу луѓе кои не ѝ посакуваат добро на Владата да напаѓаат неосновано и да се обидуваат да нанесуваат штета врз нашиот углед – било поради лични интереси, било поради партиски цели, било поради малодушност. А некои и поради оправдани дилеми – и нив целосно ги разбираме.

Нападите што ги слушаме од првата група споменати – не се ништо ново. Очекувани се, и тие не знаат ништо подобро од тоа. Но ние ќе ги преживееме и нивните напади, и ќе бидеме посилни – ќе се уверите во тоа“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп се закани на Би-Би-Си со тужба од милијарда долари, ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски: Не се плашам од Трамп

(ВИДЕО) Шоуто со авионот не помогна: Трамп исвиркан на натпревар, навивачите му покажуваа и среден прст

ВИДЕО: Заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД, сенатот постигна договор

Судијка му забрани на Трамп да ја распоредува Националната гарда во Портланд

ВИДЕО: Орбан добил ослободување од санкциите, пред Трамп ги критикуваше ЕУ и Бајден

Катерина Ѓуровски