Одложување на изборите за Ахмети само со согласност од сите партии

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети смета дека не може да се одложи терминот за избори без да има договор меѓу сите партии. Според него, одложувањето во овој момент е невозможна мисија. Ахмети вели дека Оливер Спасовски има најголема можност да ја добие функцијата технички премиер во преодната влада, а од ВМРО-ДПМНЕ очекува предлог за технички премиер на утрешниот состанок.

„Техничкиот премиер треба да биде договорен со трите најголеми партии. За нов датум за избори ќе треба консензус од сите партии“, рече Ахмети на брифингот.

ДУИ да биде дел од коалицијата за состав на нова влада, очекува Ахмети доколку тие победат на изборите во делот на партиите од албанскиот блок. Лидерот на ДУИ, не сака да каже каков кандидат за технички премиер е прифатлив за него.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски