Одложено судењето за „Тортура“, се разболел едниот од обвинетите „алфи“

Од:

Новица Станковски, обвинет „алфа“ во предметот „Тортура“ не дојде на денешното судење.

Неговиот адвокат до судот достави медицинска документација дека тој е на боледување и прима терапија, меѓутоа обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, за третообвинетиот побара дополнителна документација.

„Од оваа документација не се гледа ништо“, рече Бубевски.

Судијката Александра Ристовска рече дека адвокатот на алфата треба да достави дополнителна медицинска документација.

Следното рочиште е закажано за 13-ти јуни.

Предметот „Тортура“ се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски, на 6-ти јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошкоски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ