Одложено судењето на двајцата насилници од Штип

Од:

Посебните мерки против ширењето на коронавирусот го одложи судскиот процес против двајцата штипјани кои во јануари навредуваа и тепаа девојка во влез на станбена зграда. Насилството го снимаа на мобилен телефон, а на социјалните мрежи беше објавено на 2 април, по што полицијата брзо ги лоцираше, а судот во два наврати им одреди мерка притвор.

На барање на бранителот Валентин Зафиров да оствари контакт со својот клиент за да направи стратегија за судењето, јавниот обвинител се согласил, а судот прифатил ова право да биде искористено, при што судскиот процес да се одложи за 28 април.

Зафиров во телефонски разговор за МИА појасни дека веќе утре ќе се обиде да оствари средба во кумановскиот затвор со својот клиент, но и со другото момче, кое од денеска е ангажиран да биде и негов бранител пред судот. Нагласи дека одложувањето не е заради одолговлекување на судскиот процес, туку заради правото на одбрана и фер судење.

Двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години утринава во Основниот суд во Штип беа донесени со комбе од истражниот Затвор во Куманово. Пред да почне судскиот процес адвокатот Зафиров истакна дека притисок чувствува од јавноста, но верува во непристрасност на судијата и носење на одлуки согласно законите.

Момчињата се обвинети за сторено кривично дело „Насилство“, за што казната која може да им биде изречена се движи од шест месеци до пет години.

Жртвата во овој случај 21 годишната девојка од Штип изминатиот период доби поддршка од тимовите на Центарот за социјални работи-Штип и НВО „ЕХО“.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка