Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски

Од:

Се одложи рочиштето за смртта на Никола Саздовски Саздо, поради оправдано отсуство на еден поротник, кој имал смртен случај.

На минатото рочиште се презентираа наодите од судска медицина. Адвокатот Ванчо Шехтански, кој го застапува семејството на Саздовски, апелираше да не се дефокусира јавноста со изјави што не се релевантен одраз на она што е кажано во судницата, дека смртта настанала од падот на Саздовски врз метална кутија, која наводно се наоѓала ба автобуската станица каде што бил претепан, а не од ударите на напаѓачите.

Обвинети од страна на Јавното обвинителство за смртта на Никола Саздовски се Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа, кој моментно е во бегство. Според обвинението, тројцата, кои се гонат за убиство на свиреп начин, со боксови го удирале Саздовски, а кога тој паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со клоци по целото тело.

Нападот на 20-годишниот Никола се случи на автобуска постојка во Автокоманда во јуни оваа година, а една недела по нападот, поради сериозните повреди, тој почина во болница.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото