Одложено рочиштето за „Ласкарци“, случајот во доказна постапка

Од:

Боледувањето на еден од судиите во случајот „Ласкарци“, го одложи денешното рочиште за овој предмет. Следната главна расправа е закажена за 15 октомври.

Адвокатот Дељо Кадиев, кој е дел од одбраната за овој случај за МИА, изјави дека се работи за голем предмет и заради тие уште трае судењето.

– Обвинителството заврши со презентациј на доказите. На последните рочишта беше сослушан вештак предложен од првообвинетиот. Тоа траеше четири-пет дена. Имаше многу прашања. Сега следуват предлозите на второ обвинетиот, рече адвокат Кадиев.

Во досегашниот судски процес за трагичната сообраќајка на патниот правец Тетово-Скопје, во близина на село Ласкарци, се презентираа многу вербални и материјални докази. Дел од сведоците при нивните искази во суд најавија дека ќе барат материјална штета од обвинетите и дека се приклучуват врз нивниот кривичен прогон. Додека други бара само надоместување на лекарските трошоци.

Воедно, вештачењата презентирани од страна на обвинителството докажа дека шоферот на автобусот на ,,Дурмо Турс”, трагичниот ден возел 99 км на час, наместо 80 км на час колку е дозволено за автобус тежок 15 тона.

Судењето за овој случај го води судијката Диана Илиевска-Груевска, додека обвинението го застапува обвинителот Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, се обвинети шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Би можело да ве интересира

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески

Во Кривичен објава на пресудата за „Ласкарци“