Повтореното судење за тројното убиство во ресторанот„ Биг фиш“ во Скопје, е одложено.
И по 4 месеци од налогот, вештачењето не е доставено до судот.
Судот побара од судска медицина да даде одговор до каде е вештачењето. Одговорот бил дека судско медицинскиот одбор не можел да обезбеди кворум за да се направи психијатриско вештачење на обвинетиот Тони Денковски, кој за убиството беше осуден на доживотен затвор.
Врховниот суд ја укина пресудата поради значајни пропусти во постапката и побара ново вештачење за пресметливоста на обвинетиот.