Поради грип и висока тепмература на претседателот на Судскиот совет денеска е одложено изрекувањето на пресудата за случајот „Монструм“ за убиството на четирите момчиња од населбата Радишани и рибарот.
Родителите на загинатите за одложувањето на пресудата дознаа од медиумите и велат дека никој не ги информирал. Тие се револтирани од ваквата одлука пресудата да се пролонгира, велејќи дека судот се плаши да донесе одлука. Барааат да се дешифрира обвинителниот акт и сите судења кои биле кои биле зад затворени врати да се обелоденат пред јавноста.
– Во случајот има вмешано пратеник, судија, доктор. Тие постојат во тајните судења и треба да се обелоденат и уапсат. Штом Али Ахмети на Конгресот на партијата изјави дека ова е монтиран случај, работава станува сомнителна. Заштитениот сведок и пред истражниот судија го има признаено делото. Двајца од обвинетите кои се во бегство се ладат под клима уред во Косово. Министерот не сакаше да го потпише барањето за екстрадиција половина година. Али Ахмети за половина час доколку сака може да ги екстрадира од Косово во Македонија – велат родителите на загинатите момчиња.
Судењето за масакрот кај Смиљковското езеро започна на 20 декемри по неколкумесечна истрага и подготовка на обвинителниот акт.
Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата се уште се во затвор во Приштина, а косовските власти немаат донесено одлука за нивна екстрадиција во Македонија. Тие во Косово се осудени за недозволено поседување оружје.
Обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејди Азири, Сејди Рама, Хаки Азири и Сами Љута тврдат дека се невини.
Обвинителката Гордана Гешковска побара најстроги казни за обвинетите со образложение дека свесно ги масакрирале петмината Македонци на Велигден само за да предизвикаат страв кај православното население.
Петар Клинчарски