Одложена посетата на бугарскиот премиер Петков на Скопје

Од:

Посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков на Скопје не се откажува, туку се одложува, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Петков, кој е во изолација поради контакт со заразен од ковид, привремено на сите веќе планирани средби ќе го менува вицепремиерката Калина Константинова.

Претходно бугарската влада информира дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе бидат во самоизолација во наредните денови.

Петков продолжува да работи од самоизолација и е во постојан контакт со членовите на бугарската влада. Тој ќе ја одржи онлајн денешната средба со работодавачите.

Петков присуствуваше на вчерашниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедноста кај претседателот Румен Радев на кој се расправаше за Северна Македонија. Неколку часа по состанокот беше објавено дека претседателот на Народното собрание Никола Минчев има коронавирус, по што сите присутни се самоизолирани.

Би можело да ве интересира

Петков: Не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби

А1он

СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска