Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Од:

Првите исплати од Европскиот план за раст за земјите од Западен Балкан нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година, односно се одложени, според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК).

„Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат соодветните услови“, се наведува во објаснувањето.

Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија уште во јануари 2024 предвидува шест милијарди евра во форма на грантови и заеми за земјите од овој регион.

Министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани на крајот на минатата година објави дека наскоро Собранието ќе го ратификува Договорот за Инструментот за реформи и раст со кој се ослободуваат вкупно 52,5 милиони евра како првата рата од над 750 милиони евра од Брисел кои ни припаѓаат.

Како што објаснуваат упатените, овие меѓународни договори мора да бидат ратификувани од парламентите на тие земји.

„Изгледа дека овојпат ЕУ е поподготвена да изврши плаќања од овој пакет отколку што се подготвени да ги добијат земјите од регионот“, изјави извор од Брисел за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Од Европската комисија нема прецизно објаснување во која фаза е секоја земја од регионот во однос на обврските неопходни за започнување на плаќањата.

„За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7 отсто од предфинансирањето од вкупниот износ предвиден со овој инструмент (од првичниот индикативен износ на финансирање што е достапен за секој корисник). Ова го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди (освен Босна и Херцеговина, која се уште не доставила)“, се наведува во одговорот на Европската комисија.

За да може да добие финансиска помош од Планот за раст, од секоја земја во регионот се бараше да развие реформска агенда која потоа беше одобрена од ЕК. Босна и Херцеговина е единствената земја која нема одобрена агенда бидејќи Сараево до Брисел достави нецелосен документ кој не ги исполнува критериумите на ЕК.

Би можело да ве интересира

Што има во прашалникот што Трамп го испратил до европските созјузници

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Европа нема место во преговорите за Украина, Зеленски повика на формирање европска армија

Катерина Ѓуровски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Европската унија ќе чека објаснување, ако треба експресно ќе одговори на царините на Трамп

Катерина Ѓуровски

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ