Оди си дома ФИРОМ – статус на Фатон Положани, новиот кадар на ДУИ во влада

Од:

Предлогот на ДУИ за заменик министер во Министерството за транспорт и врски, Фатон Положани, по полуфиналниот меч во кошарка на Македонија со Шпанија во 2011 година ја нарекол државава ФИРОМ.

Тој на својот Фејсбук профил, по кошаркарскиот полуфинален натпревар на македонската репрезентација со шпанската репрезентација на Европското првенство во Литванија, и во кој Македонија изгуби со 92: 80, напишал:

fatonpolozani

Шпанија-П.Ј.Р.Македонија 92: 80….Оди си дома ФИРОМ.

Профилот е со сигурност на Фатон Положани со оглед дека на него се сите фотографии од неговите средби кои ги имал со функционери на ДУИ како и од сите негови патувања.

Владата досега секогаш остро реагираше кога државава на првенствата или на други манифестации беше претставувана како ФИРОМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански