Одговорно однесување во сообраќајот за празниците

Од:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до граѓаните одговорно да учествуваат во сообраќајот за време на претстојните новогодишни и божикни празници.

– За време на празниците има голема фреквенција на сообраќајот и голем дел од возачите возат под дејство на алкохол. Затоа бројот на несреќи е многу повисок во однос на другиот период од годината. Сметаме дека со внимание несреќите можат да се спречат и затоа апелираме возачите да не возат под дејство на алкохол, рече портпаролот на РСБСП Тоше Јанев на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека полицијата ќе биде максимално присутна на терен и компетентно ќе го спроведува законот.

Стојче Стаменковски, член на РСБСП, нагласи дека поголемата контрола во сообраќајот и неколкуте кампањи за зголемување на свесноста за сообраќајот придонесоа да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се подобри употребата на појасот во сообраќајот. Особено е видливо, како што кажа, подобрувањето на користење на сигурносен појас во Скопје, Струга, Кичево и Кочани.

Тој специјално апелираше до младите лица да не управуваат возила под дејство на алкохол, да користат сигурносни појаси, да возат со прилагодена брзина и да не користат мобилен телефон за време на управување со возилото за време на празниците.

Во 2013 година 60 млади лица ги загубија своите животи во сообраќајни несреќи, а само лани во октомври, ноември и во декември загинаа 22 млади лица во сообраќајки. Бројот на загинати би бил многу помал доколку не возеле под дејство на алкохол, користеле сигурносни појаси и возилото го управувале со соодветна брзина и без користење мобилен телефон, рече Стаменковски.

Тој истакна дека годинава како резултат на кампањите за подигање на свеста и на зголемените сообраќајни контроли за 30 отсто е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи и додаде дека во октомври, ноември и декември годинава во сообраќајки загинале шест млади лица за разлика од лани кога во овој период животот го загубиле 22 млади лица.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар