Одделот за здрави деца во Поликлиниката Букурешт ќе се реконструира

Од:

Целосна реконструкција и санација на Одделот за здрави деца во Поликлиниката Букурешт во Скопје е предвидено со Меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа Здравствен дом-Скопје, ЕВН Македонија и Националната фондација за трансплантација во рамки на напорите за зголемување на превенцијата на децата од најрана возраст. Предвидено е реконструкцијата која ќе опфати менување на подот, санитарниот јазол и внатрешно уредување, како и поставување нови прозорци и нов мебел, да заврши за три месеци.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје, Тања Баевска Вучковиќ рече дека во сегментот на примарната здравствена заштита се носители за превентивата која ја реализираат преку вакцинација и систематски прегледи на децата од предучилишна возраст. Таа истакна дека превентивата претставува клуч на јавното здравје, а вакцинацијата како многу значаен сегмент од превентивата тоа го постигнува со реализирање на висок колективен имунитет и на квалитетен епидемиолошки статус.

– Вакцинацијата има посебно значење бидејќи тимовите кои се вклучени во реализацијата на овој процес се залагаат за висок опфат на реализација и сето тоа изминатиот период успешно го постигнавме. Во текот на минатата година околу 8.000 деца се вакцинирани, а во советувалиштето во Поликлиниката Букурешт, кое е едно од првите и најстарите, на годишно ниво се прикрепени околу 500 деца, додаде Баевска Вучковиќ.

Ленче Карпузовска, менаџер на Одделот за комуникации во ЕВН Македонија рече дека тие во континуитет поддржуваат проекти кои се во интерес на заедницата.

– Секогаш сме поддржувале проекти каде што во фокусот се децата како што е и овој проект. Се надевам дека за многу брзо време откако ќе се реконстуираат просториите во еден нов амбиент децата во иднина ќе можат да се имунизираат и во една почиста и здрава средина за да се избегнат дополнителни заболувања, посочи Карпузовска.

Владимир Чадиковски, претседател на Националната фондација за трансплантација истакна дека станува збор за одличен проект кој го почнуваат во Букурешт со кој ќе го подигнат нивото на здравствен третман на децата пред се на нивната имунизација. Посочи дека со проектот ќе бидат опфатени 14 диспанзери во Скопје и изрази уверување оти во одреден период заедно со ЕВН ќе успеат сите диспанзери да ги подигнат на високо здравствено ниво.

– Од денеска во рутинска вакцинација влегува и вакцинацијата на хепатитот Б како една од главните причинители за појава на стекнати терминални нарушувања на црниот дроб кои подоцна доведуваат до негова цироза и потреба од трансплантација. Од тие причини сакаме да ја подигнеме свеста на луѓето тие вакцинации да бидат повеќе застапени.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство