Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења прва акредитирана форензичка лабораторија во регионот согласно ISO 17025

Од:

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски денеска оствари средба со директорот на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, Слободен Чокревски, на која му беше врачен сертификатот за реакредитација на системот за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2018, имплементиран од страна на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења (ОКТИВ).

Од МВР информираа дека со сертификатот, овој оддел е прва форензичка лабораторија во нашиот регион, која ја потврди акредитацијата согласно барањата на стандардот за компетентност на лаборатории за тестирање.

– Акредитацијата на форензичките лаборатории е од огромно значење за Министерството за внатрешни работи, но и за државата генерално, заради зголемување на довербата во резултатите од тестирањата кои се спроведуваат во лабораториите на МВР, како и фактот дека методите кои се применуваат се хармонизирани со најдобрите европски практики, а добиените резултати се меѓународно признати, се појаснува во соопштението од МВР.

Придобивки од акредитацијата, исто така, посочуваат од МВР, ќе има и правосудниот систем во државата, бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата.

Бенефит од сето тоа ќе имаат и граѓаните, како крајни корисници на услугите, бидејќи, како што се посочува во соопштението од МВР, ефикасноста на сите судски постапки неможе да се замисли без навремено, квалитетно и стручно спроведување на потребните анализи и вештачења.

Инаку, системот е имплементиран во 2019 година, а во текот на 2020 година, од страна на оценувачки тим од шест експерти, формиран од страна на националното тело за акредитација – Институтот за акредитација на РСМ, беше спроведен редовен годишен надзор во однос на акредитацијата на ОКТИВ и беше потврдена компетентноста на овие лаборатории и експертите кои работат во нив за спроведување одреден тип форензички анализи.

Овие активности, информираат од МВР, се во насока на исполнување на мисијата на ОКТИВ, за обезбедување објективни и квалитетни резултати од испитувањата преку мултидисциплинарна примена на современи научно-технички методи, кои ќе бидат прифатени од сите корисници на услуги како и визијата на ОКТИВ, за обезбедување акредитирана криминалистичко – техничка служба, која ќе биде независна, неутрална, ефикасна, навремена и професионално оспособена, усогласена со барањата на истрагата и истовремено ќе ги исполнува стандардите на современа форензичка институција.

На средбата биле присутни и водечкиот оценувач на тимот, м-р Теодора Ташевска – координатор за акредитација на лаборатории за тестирање и началникот на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, д-р Габриела Коскоска.

Би можело да ве интересира

Александар Јанев нов директор на Бирото за јавна безбедност

Предраг Петровиќ

МВР: Категорично ги отфрламе дезинформациите кои во континуитет ги пласира ВМРО-ДПМНЕ

Син на екс-директор на БЈБ фатен со дрога во Скопје

Горан Наумовски

Директорот на БЈБ Тасевски се сретна со преставници на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА)

Жарко Настоски

Сашо Тасевски повторно избран за директор на Бирото за јавна безбедност

Жарко Настоски

ВИДЕО: Марихуаната запленета во Бутел, се одгледувала во Кавадарци

Ана Ололовска