Одделот за гинекологија во Кумановската болница доби нов инкубатор

Од:

Одделот за гинекологија и акушерство од кумановската болница денеска доби инкубатор наменет за предвремено родени новороденчиња, донација од Владата на Република Македонија.

Оваа донација, велат одговорните од кумановската болница е значајна особено за предевремно родените новороденчиња.

Со овој инкубатор, вкупно во кумановската болница на овој оддел има пет инкубатори.

– Апаратот е нов, софистициран, со сите потребни додатоци кои се потребни да претставуваат адекватна средина за едно предвреме родено бебе, а исто така ќе биде и олеснителна околност за Клиниката за гинекологија и акушерство и Клиниката за педијатрија, оддел за интензивна нега каде што се згрижуваат овие деца, кои по стабилизирање на состојбата ќе може да бидат вратени во нашата матична установа, изјави директорката на болницата Снежана Захариева.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!