Одбиена тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Одбиена е тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“.

„Ќе видиме какво ќе биде образложението во писмената изработена пресуда и соодветно на истата ќе се жалиме. Според нас исполнети се услови за утврдување на клевета и одговорност за клевета, но ќе видиме судот како размислувал и што била намерата“, рече Панче Ефтимов, кој е полномошник на обвинителката Русковска.

Русковска ја поднесе тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ, за изборните спотови на партијата „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.

„Доколку се служиме со јазикот на ВМРО ДПМНЕ, јавната критика и сарказмот, произлегува дека сваровски-судијата избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против тие кои го избрале и се уште го држат за уши“, изјави Ефтимов.

Обвинителката бара отштета од ВМРО-ДПМНЕ во износ од 615 илјади денари, кои таа ќе ги донира за СОС Детско село.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?