Во рамките на 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“, во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден денеска се одржа книжевна вечер во чест на осумдесет години од раѓањето на еминентните македонски писатели Оливера Николова, Иван Чаповски и Михаил Ренџов
За животниот пат и творештвото на авторите кои оставија неизбришлива трага во македонската литература говореа Паскал Гилевски и Гордана Михаилова Бошнаковска, а стихови од нивното творештво читаше Антонио Павловски.