Одбележување на Светскиот ден на згрижувачи

Од:

Црвен крст на град Скопје во рамките на активностите за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства денеска традиционално го одбележува 1 јуни – Светскиот ден на згрижувачи. На настанот освен децата сместени во згрижувачки смејства преку ЦСР Скопје, ќе се приклучат децата и згрижувачи од СОС Детско село.

На платото пред спомен-куќата на Мајка Тереза ќе биде изведена програма со изведувачи на детски песнички од фестивалот „Златно славејче“, младата пејачка Антонија, како и магионичарот Кристијан. Настанот ќе го отвори поп пејачката Дани Димитриевска.

Во делот за дружење и забава со децата ќе се приклучат и волонтерите на Црвен крст. Ќе се реализира и ликовна работилница со ликовен уметник и педагог. Поканети ќе бидат и претставници од медиумите кои ќе поразговараат и со самите згржувачи присутни на настанот кои ќе го споделат личното искуство и ќе ги поттикнат останатите граѓани да ја прифатат оваа форма.

Активноста ќе се реализира во соработка со МТСП – ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје и СОС Детско село поддржани од Комерцијална банка.

Би можело да ве интересира

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он

Возиме со срце – бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи

А1он

СОС Детско село инвестира во современи методи за подобрување на односот меѓу родителите и децата кои доживеале траума

Кога довербата и грижата растат заедно со децата – Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село

25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он