Одбележување на Светскиот ден на лица со Даунов синдром

Од:

Во организација на здружението „Трисомија 21“ денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром – 21 март, со цел да им се даде поддршка на овие деца и младинци.

Во рамки на малата сцена во новиот објект на Македонскиот народен театар четиринаесет деца и младинци – членови најбројното и најстаро здружение за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, ќе ја изведат претставата „Пинокио“ и ќе се претстават со неколку музички точки. Ќе има и танчерски точки на ленови на здружението, како и настап на фолклорна група и на студенти од Музичката академија.

Претставата „Пинокио“ во која актери се деца и младинци со Даунов синдром е втора самостојна продукција на ова здружение, како резултат на волонтерските напори на родителите, по претставата „Во светот на бајките“ која беше изведена во „Тетарот за деца и младинци“ во 2014 година.

Здружението има за цел во своите активности да вклучи што поголем број лица со Даунов сиднром, со цел да го разбуди ентузијазмот и да ги мотивира и оние лица со навидум помали потенцијали. Мотото на ова здружение е – Сите можеме, ако се трудиме и ако сакаме!

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!