Одбележување на Светскиот ден на институтите „Конфуциј“

Од:

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на платото пред Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе го одбележи Светскиот  ден на институтите „Конфуциј“ и 10-годишнината од основањето на првиот институт „Конфуциј“ во светот.

Како што информира УКИМ, на свеченоста ќе биде означен почетокот на манифестацијата  „Запознај ги кинескиот јазик и култура“, која денеска од 11 до 18 часот ја организира Институтот „Конфуциј“ на платото пред НУБ „Св. Климент Охридски“.

Утре ќе се организира и на платото пред факултетите за општествени науки во универзитетскиот кампус. Посетителите на манифестација ќе имаат можност да присуствуваат на отворени часови по кинески јазик и калиграфија, да проследат изведби на таи чи чуан-вежби, кинеска музика, ѕид со пораки и други изненадувања.

Би можело да ве интересира

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши