Одбележување на Меѓународниот ден на Белиот стап

Од:

Слепите лица денеска го одбележуваат 15 Октомври, Меѓународниот ден на Белиот стап. Во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска покрај многуте активности, слепите лица ќе даруваат крв на крводарителската акција насловена „Слепите за заедницата“.

Ќе се одржи и дефиле на слепите лица кое ќе почне од фонтаната „Александар Македонски“ на плоштадот Македонија до Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ каде во холот ќе биде отворена изложба на тифло-технички помагала, ракотворби на слепите жени изработени на Семинарот за жени „Актив на слепата жена и нејзините ракотворби” одржан во Струга во јуни годинава. На креативната работилница, како и на сите активности учество ќе земат и децата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” од Скопје.

Во рамки на одбележувањето на 15 Октомври од утре до 19 октомври ќе се одржи и Државното првенство во ГОЛ-БАЛ за слепи и слабовидни на Македонија за 2014 година во новата спортска сала во Крива Паланка.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) повеќе од 68 години функционира како  национална инвалидска, хуманитарна, невладина, непартиска, непрофитна организација од посебно општествено значење.

Во Националниот сојуз на слепите на Република Македонија членуваат повеќе од 2.500 слепи лица.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство