Одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици

Од:

Со меѓународна работилница на која ќе учествуваат над 60 микробиолози од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија и Бугарија од денеска до недела на Медицинскиот факултет во Скопје ќе се одбележи Европски ден за рационална употреба на антибиотици.

Преку теоретски и практичен дел учесниците ќе имаат можност во лабораториите на Институтот за јавно здравје и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет, Скопје да работат на детекција на мултирезистентни бактерии, како и на механизмите на појава на резистенцијата. Со оваа меѓународна работилница се отвораат вратите на македонските лаборатории и клиники за учество во меѓународни истражувања за нови антибиотици.

Република Македонија седма година го одбележува Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците (ЕААД) на различен начин и преку настани насочени кон општата и стручната јавност.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски