А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа

by А1он26/10/2017 - 09:0719/12/2017 - 15:32157
Share0

Дистрибуција на промотивен материјал во неколку компании во Македонија, организирање дискусии за предизвиците и проблемите од областа на безбедноста и здравјето при работа и коорганизаторство на Третата меѓународна конференција за регионална соработка за безбедност и здравје при работа која од денеска до 28 октомври ќе се одржува во Будва, се дел од активностите што Македонското здружение за заштита при работа ги организира по повод Европската недела за безбедност при работа.

Добивај вести на вибер

– Oвогодинешното мото „Градење на БЗР во 21-от век” ја претставува нашата професионална континуирана заложба за постојано учење и менување на превентивната култура. Култура, која треба да биде изграденa индивидуално од секој од нас и да биде применлива за секого. Нашата цел е да ги собереме сите на едно место од нашиот регион и пошироко, кои имаат одговорност за животот и здравјето на луѓето во работниот процес. Со размена на искуства, имаме за цел да ги добиеме најдобрите решенија кои ќе бидат финансиски прифатливи, технички оптимални и долгорочни одржливи и ефикасни, велат од Македонското друштво за заштита при работа.

Одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа се одржува секоја година во октомври и е проследена со голем број настани за подигнување на свеста за безбедни и здрави работни места во рамките на ЕУ, но и пошироко.

Во организација на EU-OSHA, темата на кампањата на Европската Неделa за 2017 година е здрави работни места за сите возрасти, чија цел е подигнување на свеста за важноста и значењето на одржливиот работен век.

rabota

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Горан Наумовски11/04/2025 - 12:48

Мемети: Зголемен бројот на поплаки за вознемирување на работното место

Татјана Ташкова10/11/2019 - 12:46

Лани 33 работници загинале на работното место, најголем дел во земјоделството и во градежништвото

Татјана Ташкова28/04/2019 - 14:0529/04/2019 - 01:20

Светски ден на безбедноста и здравјето при работа

Татјана Ташкова28/04/2019 - 09:1029/04/2019 - 01:25

Потпишана новата четиригодишна Национална програма за достоинствена работа

Ана Ололовска06/03/2019 - 13:05

Дебата: „Можности и предизвици за овозможување на политики за здрави работни места‘‘

Ана Ололовска17/12/2018 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен