Подигнување на свесноста за вакцините како најдобра превентивна мерка за заштита на населението од заразни заболувања, како и за зачувување и одржување на колективниот имунитет, е целта на одбележувањето на Европската недела на имунизација, по кој повод Министерството за правда денеска организира настан во Зоолошката градина во Скопје.
Настанот ќе го отвори министерот за здравство Венко Филипче, а ќе учествуваат деца од градинките од општина Центар и ученици од основното музичко училиште од Струмица ООМУ „Боро Џони“, кои ќе настапат со дел од концертот со маски „Џунгла“.
Одбележувањето на Европската недела на имунизација е поддржано од Светската здравствена организација, под мотото „Заедно заштитени – заштити, спречи, вакцинирај“!.