Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“

Од:

Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација во рамки на заедничката кампања „Од врата до врата“ на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија. Поделени се и над 7.500 информативни материјали.

Како што информираа денеска од Министерството за здравство, во рамки на кампањата вакцинирани во нивните домови се и 2.630 граѓани над 65-годишна возраст со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да дојдат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина против Ковид-19.

– Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата, додаваат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

Над 50.000 граѓани примиле вакцина против сезонски грип

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени 58.012 граѓани, вакцинирани над 29.000

Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи

Пентагон ја укина задолжителната вакцинација на војниците против Ковид-19