А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележување на Европската недела на имунизација

by А1он24/04/2016 - 09:1498
Share0

Под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај!“ денеска во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржат активности за одбележување на Европската недела на имунизација, во организација на Министерството за здравство, Здравствениот дом Скопје и Институтот за јавно здравје.

Добивај вести на вибер

Ќе учествуваат ученици од повеќе основни училишта од Скопје, деца од хорот „Златно славејче“ и претставничка од Детскиот Евросонг. Ова е 11. одбележување на Европската недела на имунизација, кое се организира во соработка со Канцеларијата на Светската здравствена организација во Македонија.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека континуирано се грижат за здравјето на децата и го осовременуваат календарот за имунизација. Потсетуваат дека од минатата година првпат се воведени поливалентни вакцини во Македонија. Комплетно е почната вакцинацијата со петвалентни и шествалентни вакцини, од кои веќе се потрошени околу 50.000 дози.

– Со поливалентните вакцини значително се намали бројот на боцкања, од 13 на 7 пати во периодот до 18 месечна возраст. Со само едно боцкање најмладите се штитат од многу болести, а со редовната вакцинација постигнуваме колективен имунитет и стабилна епидемиолошка состојба. Исто така, родителите имаат можност бесплатно да ги вакцинираат децата со вакцина против стрептококни заболувања, која е незадолжителна и е наменета за деца на возраст од шест недели до пет години. Оваа вакцина штити од повеќе заболувања, како што се тешки пневмонии, воспаление на увото, менингит, особено кај малите деца и децата со намален имунитет, соопштуваат од Министерството за здравство.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен