СОС Детското село во Скопје денеска го прославува денот на „СОС Детското село“ кое во Македонија функционира од 2002 година кога беше згрижено првото дете. На одбележувањето ќе присуствува и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Селото денес има 12 семејни и две младински куќи каде се згрижени 107 деца и младинци без родители и родителска грижа.
Освен во полето на заштита, организацијата СОС Детското село – Македонија е активно и во полето на превентивата со два советодавни Центри кои функционираат во рамките на оштините Гази Баба и Шуто Оризари.
Под закрила на организацијата СОС Детското село – Македонија се близу 400 деца без родители и родителска грижа и деца кои се во ризик во рамките на своите биолошки семејства.
На свеченоста предвидено е обраќање на министерот Спасов и на директорот на СОС Детско село Скопје, Виолета Георгиевска.
Ќе бидат доделени плакети за континуирана поддршка и посветеност на градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски и на министерот за труд и социјална политика, Спасов, како и на останати донатори, поддржувачи и соработници на СОС Детското село во текот на изминатата година.
Прославата ќе ја збогатат и дечињата од СОС Детското село со балетска точка и рецитал.