Одбележување на Денот на сесловенските просветители

Од:

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје денеска ги одбележа 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и 65 годишнината од постоењето.

Пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во кругот на Унивезитетскиот кампус, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, како и делегации од повеќе факултети и Универзитети од соседните земји, како и гости од Азија и од Европа, положија  цвеќе, а со молебенот чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски.

– УКИМ две години по ред го доби признанието како најдобро рангиран Универзитет во Република Македонија. Тоа за нас е голема чест и одговорност, за вработените да продолжиме во таа насока, изјави по свеченоста ректорот Стојковски.

Тој нагласи дека УКИМ се 24 факултети, 5 научно-истражувачки институти и пет придружни членки, со повеќе од 3.300 вработени и 60 илјади студенти, како и единствен Универзитет во Република Македонија каде што студентите имаат избор да запишат повеќе од 500 наставни програми.

Министерот Ристовски апелираше УКИМ да продолжи да се реформира и да ги спроведува активностите во насока на зголемување на интересот за организираните програми што се нудат на секој факултет што е составен дел на Универзитетот.

– Сметам дека УКИМ во Република Македонија со право го носи приматот најдобро рангиран и не само што е најстар, туку во најголем дел тоа го покажуваат и рангирањата што се спроведуваат од страна на Шангајскиот Институт. Тоа е дополнителна потврда за квалитетот на овој Универзитет и очекувам во следниот период со многу поголем интензитет да се спроведуваат сите програми, кои во најголем дел ќе им овозможат зголемена конкурентност на студентите да обезбедат што поголем број работни места, нагласи министерот Ристовски.

На свечената академија со реч на ректорот на УКИМ Велимир Стојковски денеска беа доделени и повеќе награди и плакети, меѓу кои и плакетата за почесен професор на УКИМ на професорот Клод Клемен Абу, од Универзитетот во Париз, Република Франција.

Би можело да ве интересира

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ поднесоа пријава до Антикорупциска против рекорката Биљана Ангелова