Одбележување на денот на Првата механизирана пешадиска бригада

Од:

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска со воена свеченост ќе биде одбележан денот на Првата механизирана пешадиска бригада.

– Таа е најголема борбена единица во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови. Препознатлива е по досегашните борбени искуства и учество во мировните мисии во Авганистан и Ирак, реализираните вежбовни активности и високите резултати од оценувањата, но и несебичната помош која припадниците на оваа единица им ја даваат на граѓаните на Република Македонија, секогаш кога тоа е потребно, соопшти Армијата на Република Македонија.

Поранешни команданти на првата и втората механизирана пешадиска бригада и генерали во пензија на воената свеченост во касарната ќе ги запознаат присутните со значајните историски моменти од постоењето на бригадата.

– Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно правилото за воен протокол со прогласување најдобра единица од составот на бригадата, свечено дефиле на единиците, како и тактичко-технички збор на кој посетителите ќе имаат можност да видат дел од орудијата, оружјето и опремата со кои располага бригадата, наведува АРМ.

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на АРМ, за Ден на Првата механизирана пешадиска бригада е одреден 2 април – датум на кој оваа единица е трансформирана согласно со новата организациско-формациска структура на АРМ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он