Одбележани сто години од раѓањето на народниот херој Кире Гаврилоски – Јане

Од:

Со повеќе манифестации денеска во Прилеп е одбележана 100-годишнината од раѓањето на народниот херој „Кире Гаврилоски-Јане.

Во спомен на херојот делегации на локалната самоуправа, на Сојузот на борците и на прилепското основно училиште што го носи неговото име беа положени свежи цвеќиња пред бистата на Гаврилоски во Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата и пред спомен обележјето во Прилеп на местото каде се наоѓала куќата во која на 9 мај 1944 година, опколен од фашистичкиот окупатор заедно со Круме Волнароски загинале.

Пред спомен обележјето Учениците од училиштето „Кире Гаврилоски-Јане“ одржаа пригодна програма, а историчарот Рубин Белчески одржа историски час за животот и делото на Гаврилоски.

– Денеска одбележуваме 100-годишнина од раѓањето на еден од 10-те народни херои што ги дал Прилеп, а загинале во НОБ. Гаврилоски бил посветен на народноослободителното движење, многу активен. Пред 9 мај 1944 година ги подготвувал делегатите за заседанието. Во куќата каде се наоѓале Гаврилоски и Волнароски биле поткажани од соседите. Иако знаеле два часа претходно, до ден денес е нејасно зошто останале за потоа да бидат опколени. Волнароски бил убиен кога се обидел да избега, а го штител Кире Гаврилоски кој загинува, се смета дека се самоубил, во куќата за жив да не го фатат, објаснува историчарот Белчески.

Според прилепскиот гардоначалник Илија Јованоски, народниот херој Гаврилоски е пример како се сака и се брани татковината.

– Гаврилоски со своето херојско дело покажа како се сака и се брани татковината. Остави аманет на идните генерации како се почитуваат општеството и државата. И јас им упатувам аманет на новите генерации за сопствено надградување и покажување резултати и успеси во животот, битни за целото наше општество, рече Јованоски.

Во училиштето „Кире Гаврилоски-Јане“, градоначалникот Јованоски му додели ваучер од 10 000 денари на најдобриот ученик Благојче Павлески.

Вечер во чест на 100-годишнината од раѓањето на народниот херој во Градската библиотека „Борка Талески“ ќе се одржи вечер посветена на народниот херој.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он

Уапсен е службеник во Агенција за вработување – барал мито од прилепчанец за да не му ја укинат социјалната помош

А1он

Голем дефект на водоводна цевка ја поплави прилепската противпожарна единица

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница