Одбележани 73 години од формирањето на ЦК на КПМ

Од:

Во организација на националната установа Музеј на тетовскиот крај во соработка со Сојузот на борците од Тетово денеска беа одбележани 73 години од формирањето на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Свеченоста се одржа во дворот од спомен куќата на семејството Јовановци во тетовската населба Два бреста што денес е музеј, каде на 19 март во 1943 година бил формиран ЦК на КПМ.

– Македонците изминаат долг пат на услилби за целосна национална слобода. Тоа беше еден процес на созревање на еден народ кој во минатото водеше тешки борби против османлиските и други завојувачи како соседните балкански држави кои секогаш ги негираа постоењето и самобитноста на македонскиот народ низ таа борба да се формира како самостоен историски субјект. Настаните од времето на НОВ 1941 -1944 година како формирањето на ЦК на КПМ во Тетово со што уште повеќе се разгоре борбата, крунисани со Првото заедание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински овозможија со одржаниот референдум во 1991 година Македонија да се етаблира како субјект кој рамноправно учествува на светската сцена истакна во својот реферат за значењето на овој историски настан вишот кустос во Музејот на тетовскиот крај Велимир Цветановски.

Според претседателот на Сојузот на борци од Тетово Стојан Петрушевски тие како организација имаат голем пиетет за Народнослободителна војна и придобивките од неа што имаат големо значење за формирањето на современата македонска држава.

– К.П.М. во времето на Втората светска војна беше единствената сила што имаше правилен став и што го покрена народот во борбата за ослободување на Македонија рече Петрушевски.

Во рамки на свеченоста букети свежо цвеќе на споменикот на Јосип Броз Тито положија делегации на: Здружението Комунисти од Ѓорче Петров, Сојузот на Титови леви сили од Скопје, Партијата Левица од Скопје, Сојузот на борци од Тетово, Организацијата на резервни официри од Тетово, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово, ОО на СДСМ од Тетово и Здружението на трудови инвалиди од Тетово. На историскиот час присуствуваа и ученици од основните училишта Гоце Делчев и Андреа Савески Кикиш од Тетово.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза