Одбележани 68 години од мавровската снежна трагедија кога лавина однесе 52 животи

Од:

Денес се одбележаа 68 години од мавровската снежна трагедија, кога големи снежни лавини однесоа 52 човечки животи. 

Симболично, со положување на цвеќе пред споменикот на градителите и едноминутно молчење, делегација на АД ЕСМ, Подружница ХЕС „Маврово“,
им оддаде почит на загинатите, кои ги загубиле животите во снежна лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово.
Мавровската снежна трагедија, предизвикана од природна временска непогода, се случила ноќта на меѓу 10 и 11 февруари 1956 година, по
долината на Радика (во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир).

Од планината Кораб снежни лавини се урнале врз куќи,
бараките на градителите на мавровскиот хидроенергетски систем и караули, при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале
да извлечат само половина од нив.

Споменикот на градителите близу браната во село Маврови Анови е подигнат во 1970 година, а ја симболизира нивната храброст и
пожртвуваност. На спомен плочата се врежани имињата на сите загинати во снежните лавини.

Би можело да ве интересира

ЕСМ е во колапс – Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Затворски притвор само за седум осомничени во милионската измама во ЕСМ „Дистрибуција“

Горан Наумовски

Милионска измама во ЕСМ „Дистрибуција“: Пријави за 33 лица и две фирми, 11 лица се уапсени, двајца се во бегство

Горан Наумовски

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно