Одбележани 60 години од смртта на Ченто

Од:

Во Прилеп денеска се одбележуваат 60 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто. По тој повод, членови на семејството на Ченто, претставници на локалната смаоуправа, на Сојузот на борците, на политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп, оддавајќи му почит на заслужниот македонски деец.

За ќерката на Ченто, Марија Јакимоска периодот од 60 години навидум е долг, но за неа краток од смртта на нејзиниот татко.

– Периодот од 60 години за мене е краток за да се заборави неправдата што му е нанесена на мојот татко. Единствена партија што ја имал татко ми е Македонија и сите желби и напори ги насочил во ослободувањето, осамостојувањето и во обединувањето на Македонија. Токму поради тоа неговата судбина се знае – и за време на бугарската, и за време на српската окупација почесто бил в затвор, но за жал повеќе од 9 години „одлежа“ токму во слободна Македонија, истакна Јакимоска.

Љупчо Попоски од Сузот на борците рече дека Сојузот традиционално ги почитува и не ги заборава значајните борци од Револуцијата и НОБ.

– Тука сме да се потсетиме на Методија Андонов Ченто, на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, да се потсетиме на неговото време, изјави Попоски.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, Ченто е борец за суверенитетот, интегритетот на Македонија.

– Големото дело на Ченто да биде потсетник за сите сегашни и идни генерации македонци и политичари, да не си играаат и да ги распродаваат националните интереси за кои се залагале токму Ченто и илјадници жртви за Македонија во која живееме, рече Ристески.

По повод 60 годишнината од смртта на Ченто и 115-годишнината од неговото раѓање, вечер од 20 часот во ликовната галерија од Домот на културата „Марко Цепенков“, Прилепскиот музеј ќе ја отвори изложбата на фотографии и документи насловена „Биографија низ фотографија“ од историчарот Рубин Белчески. Ќе бидат претставени преку 250 готографии и документи за животот и делото на Ченто.

Би можело да ве интересира

Изгоре дуќан во Старата прилепска чаршија

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски